На 20 јануари генерален штрајк на наставниците

by Фокус 15:22
15:22

Синдикатот за образование и наука (СОНК) одлучи да го реактивира генералниот штрајк на просветарите за 20 јануари, потврдија од синдикатот за „Фокус“.

СОНК не доби одговор од Mинистерството за образование и наука на барањето за минимална плата, за казните за наставниците и за другите покренати прашања уште во септември. Рокот  за одговор измина на 31 декември 2014 година.

– Од 1 до 18 јануари кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука. Нашиот став е многу јасен доколку до 31 декември СОНК по пат на преговори не дојде до задоволителни резултати тогаш ќе се активира одлуката за штрајк, која е ставена во мирување – истакна неодамна претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

- Advertising -

СОНК има поддршка и од Европската конфедерација на синдикатите за образование.

 

Поврзани новости