Ќе се чистат спомениците обоени во Шарената револуција

by Фокус

Градот Скопје за денеска најави чистење на спомениците кои беа обоени од демонстрантите на Шарената револуција.

Како што соопштија од таму, ќе се чистат спомениците во паркот „Жена борец” и на плоштадот !Македонија”, што се во надлежност на Градот.

Од Музејот на македонската борба преку соопштение најавија дека денеска претпладне ќе се чисти фасадата на Порта Македонија

– По неколку неделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби – се наведдува во соопштението.

Поврзани новости