Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“ До Квон, обвинет на почетокот на неделава во Црна Гора за фалсификување документи, живеел луксузно во елитната белградска населба Дедиње со месеци пред да биде уапсен во Подгорица, а дури имал и регистрирана компанија во Србија, пишуваат белградските медиуми.
Бегството на човекот кој ги оштети жртвите со неговите манипулации за суми проценети меѓу 40 и 60 милијарди долари потсетува на заплетот на холивудски филм, пишува порталот Нова.рс, наведувајќи дека српската полиција во меѓувреме го запленила скапиот стан во кој тој престојувал.
До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, согласно распишана меѓународна потерница, кога се обиделе да одат со приватен авион за Дубаи. Полицајците се сомневаа дека Квон и Џун користеле пасоши од Костарика.
Во меѓувреме, официјална Подгорица се уште не одлучила кому ќе бидат екстрадирани, па земјите што го бараат ќе мора да почекаат да се утврди дали уапсените ги прекршиле домашните прописи.
Јужнокорејскиот брокер за криптовалути се бара од властите во неговата земја за измама и кршење на берзанските закони, но по него трагаат и властите на Сингапур и САД.