Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ ќе има стабилна влада само со силен албански блок!

Без албански партнер, тешко ќе се воспостави стабилна власт, ќе треба многу компромиси со Левица, Максим Димитриевски, кои се од другиот идеолошки блок, вели тој во изјава за „Фокус“.

by Фокус

СДСМ ќе падне како ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година, кога освоивме под 30 пратеници, и многу тешко ќе состави влада и покрај евентуалниот сојуз со албански партии, вели поранешниот пратеник, министер, амбасадор, градоначалник кој беше и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, во изјава за неделникот „Фокус“, кој анализира „Дали Мицкоски ќе слави пирова победа како Борисов или Ковачевски ќе пропадне како Папандреу“.

„Гербизација“ на ВМРО-ДПМНЕ или „пасокизација“ на СДСМ

Според мои проценки, ВМРО-ДПМНЕ реално гледано ќе освои над 50 пратеници или тука некаде, зависно помалите коалициски партнери колку ќе донесат, оние сега што се, плус евентуално Павле Трајанов и уште некој ако се приклучи, гледам сигнали од ВМРО-НП итн. Без албански партнер, тешко ќе се воспостави стабилна власт, ќе треба многу компромиси со Левица, Максим Димитриевски, кои имаат свои специфики и се од другиот идеолошки блок – вели Ѓорчев.

Според него, особено битно за политичката сцена, вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ, е дали „огнената група“ целосно ќе се издвои од ДУИ и ќе формира респектабилен коалициски блок со опозициските Беса и Алтернатива.

Али Ахмети е воен херој, мит… И албанските лидери тешко одат против Ахмети, но има опозициско расположение, гледам и одредено поттикнување од меѓународната заедница, од која дел е за промени и во ДУИ. Па, овој блок би ѝ парирал на ДУИ, и ако освои над 10 пратеници, може да му донесе стабилност на ВМРО-ДПМНЕ при евентуално идна влада – смета Ѓорчев.

Тој додава дека земјава е во голема криза по Преспанскиот договор и компромисите со Бугарија, при што очекува до израз да доаѓаат се потешки поделби.

Влатко Стојановски

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости