ЕУ и лидерите на балканските земји во недела ќе се состанат и на Самитот во Брисел ќе разговараат за изнаоѓање решенија за напливот на бегалци. За оваа цел, Унијата имала подготвено покана и за македонскиот премиер Никола Груевски, но во последен момент на директно барање на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, поканата е сменета на име на претседателот Ѓорѓе Иванов, пренесува телевизија Телма.
Според високи дипломатски извори на телевизијата, причина за ова е револтот кај првиот човек на Комисијата од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.
На Самитот ќе присуствуваат лидерите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија, како и лидерите на Србија и Македонија.