ДУИ ги чека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да се договорат

by Фокус

Шефот на Изборниот штаб на ДУИ и министер за економија Беким Незири денеска изјави дека е прерано да се оцени дали преговорите за спроведување на договорот од Пржино завршиле успешно или не.

– Уште не е завршено сè. Чекаме македонските политичари да седнат и да изнајдат решение со цел Македонија да излезе од кризата. Oчекувам партиите кои се потписници на договорот од Пржино да се однесуваат одговорно кон договореното. Политичарите што ја сносат одговорноста треба да изнајдат политичко решение за да излезе Македонија од кризата во која се наоѓа во моментов, – рече Незири

Поврзани новости