393
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО.
– Изненаден сум од интересот кој одделни лица го имаат за тоа прашање, кое дури не е ни маргинално и барам почитување, изјави Јункер.
Претходно и ЕУ ги отфрли како „навредливи“ тврдењата дека Јункер бил пијан на Самитот.