Џафери: Знам дека сите сте за ЕУ и НАТО, сега има лидерска средба, со седница продолжуваме утре

by Fokus

Собранискиот спикер Талат Џафери поради закажаната лидерска средба во 18 часот ја прекина денешната седница и најави нејзино продолжение за утре во 11 часот.

„Со оглед на тоа што дневниот ред е донесен, а и во 18 часот има лидерска средба, па знам дека сите сте за ЕУ и НАТО ќе ја одложиме седницата за утре во 11 часот – истакна Џафери.

По речиси еден час расправа, Собранието попладнево го усвои дневниот ред на 53. седница на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка, но спикерот Талат Џафери, по само неколку поминати точки, ја презакажа за утре.

Собраниската седница за изборниот законик за ДИК требаше да продолжи денеска, откако вчера не можеше да се изгласа дневниот ред, но беше одложена за 15 часот поради немање кворум.

Дневниот ред вчера не се изгласа зашто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го одолговлечат почетокот на расправата откако владејачкото мнозинство ја изгласа потребата за носење изборен законик по скратена постапка за изборот на ДИК

Поврзани новости