Мицкоски на Фон Дер Лајен и покажал слики од убиствата во Ваташа и депортацијата на Евреите

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателите, Александар Николовски и Владо Мисајловски оствариле средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен веднаш после нејзиното обраќање во Собрание.

„На средбата со Фон Дер Лајен и покажав слики од убиствата на младите во Ваташа, херојот Вера Циривири Трена и депортацијата на евреите направени од бугарскиот фашистички окупатор, да прифатиме ли сега дека се администратори?!“, истакна Мицкоски.

Средбата е завршена, а преставниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се вратени во Собрание. Се очекува седницата да започне.

Поврзани новости