445
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја.
Автобусите кон погодените подрачја ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот од следните локации:
Ѓорче Петров – пред црквата „Св. Петар и Павле“, кон Карпош, спроти „Сити мол“, потоа продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел „Континентал“ (спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка
Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром на булевар Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка
Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква „Св. Јован“ и продолжува кон крајната (Пункт кон Стајковци)
Последното враќање назад е во 19 часот.