Димитриев: Груевски не ми дава наредби, јас не гледам така на тоа

by fokus

При денешната посета на поплавените села, премиерот Емил Димитриев одговарајќи на новинарско прашање од репортерот на НОВА ТВ рече дека инструкциите од Никола Груевски кои ги добиваше пред камери, тој не ги сфаќал како наредби.

-Не добивам инструкции. Јас така не гледам на тоа. Значи луѓето замолуваат за поддршка, тоа не треба да се сфати за наредба, кусо одговори премиерот Димитриев.

Веднаш по поплавите, Груевски излезе на терен со министрите на, со Кризниот штаб, со армијата, со Дирекцијата за спасување како и со премиерот Димитриев, и ги координираше иако нема никаква државна функција.

Поврзани новости