602
По информацијата објавена на телевизија Алсат дека поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и актуелниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски наводно се повикани на распит во Јавното обвинителство за да дадат изјави во врска со злоупотребите на АКМИС системот во судовите, „“Фокус“ го контактираше Вангеловски, кој само кусо ни одговори дека не е повикан.
Официјална потврда од обвинителството за преземените чекори денеска немаше, со објаснување дека истрагата е сѐ уште во предистражна фаза.