Џафери: ВМРО – ДПМНЕ кога и да се вклучи во кампањата, парите се на располагање

by Fokus 17:13
17:13

Верувам во граѓаните, како што тие веруваа во мене, во институциите, во партиите што ги поддржуваа досега и затоа сум убеден дека на крајот граѓаните ќе рефлектираат со излезноста неопходна да се реши прашањето за името и конечно да станеме членка на ЕУ и НАТО, изиави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери вели дека нашите граѓани се свесни да ја разберат тежината и потребата лично да го искажат својот став на референдумот и да превземат дел од личната одговорност за нивната индивидуална иднина и за нивните семејства во целина.

- Advertisements -

Собранието ја започна медиумската кампања за референдумот, а пратениците преку Коализицијата „За“ референдумот се обраќаат и имаат средби со граѓаните. Џафери за МИА вели дека заклучно со вчера Парламентот склучил 51 договор со ТВ и радија за медиумско претставување на пратениците кои го поддржуваат референдумското прашање, а во текот на денот се очекува тоа да биде направено и со останатите. Договори се склучуваат, потсетува тој, со медиумите кои во предвидениот рок доставиле ценовници за медиумско претставување за референдумот до ДИК, онака како што е предвидено, за девет минути на час. Џафери обајснува како ќе се одвива кампањата на пратениците, но и како тој ќе се вклучи во неа.

Во очекување на ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдумот и евентуалното вклучување на нивните пратеници во кампањата, претседателот на Собранието посочува дека „ако има, кога и да има одлука да се приклучат средствата се на располагање“, но потенцираше дека активностите треба да бидат без партиска иконографија и оти тие ќе може да се вклучат во оној медиумски дел од девет минути во еден час.

На прашање на МИА дали има слика колку би ги чинела кампањата на пратениците кои го поддржуваат референдумското прашање Џафери вели:

-Сумата ја имаме како определени средства за тоа, но тоа не значи дека како сума ќе се потроши цела. На дневна основа водиме сметка за тоа, во смисла дека не смеат да се пречекорат сумите од она одобрено наменски за оваа работа, затоа што не може да се надополни од други сметки.

Поврзани новости