1K
Судијата Стојанче Рибарев, пред малку, Судскиот совет го постави на функцијата вршител на должност- претседател на Основниот суд Скопје 1. Овој судија ќе биде на чело на Кривичниот суд се додека советот не го спроведе изборот за претседател на судот. Рибарев доаѓа од Врховниот суд каде што беше избран како судија во септември минатата година. Тој бил најисусен и затоа е поставен да го води Кривичен додека не се избере претседател.
Денеска судскиот совет го избра и Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд. Вангеловски беше претседател пред четири години и по првиот мандат не се кандидираше за продолжување. Во трката покрај Вангеловски беа и поранешната претседателка Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и судијката Беса Адеми.