Новиот в.д. на Кривичен, судијата Рибарев, до лани беше претседател на Апелацискиот суд во Штип

by fokus 16:11
16:11

Судијата Стојанче Рибарев, кој денеска Судскиот совет го постави на функцијата вршител на должност- претседател на Основниот суд Скопје 1, додека не го спроведат изборот за претседател на судот, до лани беше прв човек на Апелациониот суд во Штип. Тој на оваа функција беше избран со десет гласа за и четири против.

Судијата Рибарев во септември беше избран за судија во Врховниот суд, да постапува по дела поврзани со граѓанската област, а сега ќе треба да го „среди“ хаосот во Основниот суд Скопје 1, се додека не се избере претседател.

Судијата Рибарев е роден во 1964 година, а прв пат за судија е избран во 1996 година, по што работи во Основниот суд во Штип, на предмети од граѓанска материја.

Во 1997 година е избран за Претседател на судот и на таа функција е  до 2000 година. Истата година е избран за член на Републичкиот судски совет, а по две години е избран за судија на Апелациониот суд во Штип. За цело време работи на граѓанска материја од сите области (имотни односи, тровско право и работни односи). Во 2008 година е избран за претседател на Апелационен суд во Штип.

Фото: Телевизија Стар

В.В.

Поврзани новости