Јовески: Во тек е идентификацијата на жртвите

by Fokus

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија, изјави директорото на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во соодвтена состојба и можат да дадат исказ.

– Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите, рече Сарафов.

Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на теритоиријата на Бугарија.

Поврзани новости