Филипче: Овој бран го очекувавме, никогаш немавме целосно укинување на мерките

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ова зголемување на заразени со корона вирус било очекувано и предвидено.

-Растот секако го предвидовме уште во летните месеци. Не го очекувавме само ние, туку цела Европа. Албанија, Србија, Хрватска, секаде има огромен пораст. Мора да потенцирам дека ние цело време после попуштање на мерките на почетокот на летото имавме некакви рестрицкии и протоколи. Никогаш немавме целосно укинување на мерките. Бевме свесни дека не очекува ваков бран. Имавме тренд на опаѓање во август и септември. Зошто го очекувавме бранот? Луѓето се вратија од одморите, очигледното прекшрување на мерките на јавните собири, концерти…, вели Филипче.

Поврзани новости