Обвинителството го преквалификува обвинението во случајот со малиот Алмир бидејќи повеќе од сигурно беше доколку остане истото обвинение судот ќе донесеше ослободителна пресуда, изјави денеска јавниот обвинител, Љубомир Јовески.
Според него квалификацијата на кривичното дело ја диктираат доказите во предметот.
Тој негираше дека ќе добијат отказ јавните обвинители кои со соопштение до јавноста известија дека не се согласуваат со одлуката во обвинението да се преквалификува кривичното дело кое му се става на товар на Бобан Илиќ, од „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
-Станува збор за тоа дали е прекршен етичкиот кодекс на јавните обвинители, тоа го утврдува советот, а дали е покрената постапка или не, јас не знам – рече Јовевски.
Тој додаде дека Обвинителството не е поделено по етничка основа и потсети дека за преквалификацијата гласаа и обвинители кои се етнички албанци.
Фото: МИА