Прогласот на ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажува дека на Извршниот комитет и на раководството на партијата им е важно само да си ја спасат својата кожа, а не интересите на народот, коментира универзитетскиот професор Јове Кекеновски.
„Со прогласот покажуваат дека се спремни да одат докрај, сакаат да го уплашат народот, за да можат да ја реализираат основната цел – спас од нивната веќе предвидлива иднина. Спремни се да поведат братоубиствена војна само за еден грст луѓе што не лажеле, и осиромашувале 10 години“, вели Кекеновски.
Професорот Кекеновски оценува дека прогласот со кој партијата преку осомничениот Никола Груевски испрати пораки до своето членство е последен обид на врхушката на ВМРО – ДПМНЕ, со сила, притисок и изборни измами да останат на власт и да оневозможат откривање на целокупниот криминал што го превеле за време на десетгодишното владеење.