578
Првиот човек на Слобода превоз, Ленин Јованоски денеска повтори дека протестот е законски и никој не може да го попречи неговото одржување.
„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, рече Јовановски за МИА.