Маричиќ: Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој е дел од македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, рече дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од ЗБ, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива.

Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци.

-Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат. Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите. Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот, доаѓа по една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан, објави Маричиќ на својот Фејсбук-профил.

Поврзани новости