Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски на денешната седница за пратенички прашања, рече дека во случајот „27 април“ немало никакви основи за тероризам, притоа упатувајќи низа критики кон СДСМ.
„Сите знаеме дека за 27 април, нема ни „т“ од тероризам. Вие менувате претседатели на судови, менувате судии. Слушаме како Катица Јанева зела 160 илјади евра за заштита на тајноста на податоците. Се прашувам, колку години им треба на луѓето во Тинекс и Веро да ги заработат тие пари, колку години им треба на актерите да дојдат до овие пари. Тие пари се незаконски земени од оваа држава и овој народ. Премиере Заев, дали сте размислувале за оваа состојба. Дали имате намера да поразговарате на оваа тема, дали сте среќни со ваквото СЈО. Дали до изборите, вие нема да направите притисок врз судиите и обвинителите кои останаа“, истакна Јовановски.