Јовановиќ: Банките ќе профитираат со 100 милиони евра од корона вирусот

by Фокус

Груба пресметка кажува дека банките од корона вирусот ќе профитираат со над 100 милиони евра, вели универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ.

-Една груба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а може да се откажат од тоа. Но, јас не ги обвинувам. Банките секаде во светот се исти и исто функиционираат – изјави Јовановиќ во Клик Плус на ТВ 21.

Тој смета дека Владата требало да донесе уредба со која ќе им наложи на банките да не пресметуваат камати во време на кризата.

 

Поврзани новости