Изборите треба да се одржат 20 дена по истекот на вонредната состојба

by Фокус

Указот за прекин на почнатиот изборен процес, предвидува изборите да се одржат 20 дена по престанокот на вонредната состојба, велат од ДУИ, откако во јавноста се постави прашањето дали иницијативата за свикување на распуштениот парламент води кон парламентарни избори.

„Кога претседателот ќе стави крај на вонредната состојба, тогаш продолжуваат изборните рокови каде што беа прекинати, денот кога беше прогласена вонредната состојба“, велат од ДУИ, додавајќи дека покрај одлуката на шефот на државата, тајмингот за одржување на изборите зависи и од консензусот на партиските лидери.

Официјално, и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ велат дека рано е да се говори за изборите во ситуација кога се уште се води битка со корона вирусот.

Поврзани новости