Јолевски: Обвинителствата имаат 380 вработени, а потребни се 1.100

by Fokus

Обвинителствата немаат доволно кадри. Се зборува за зголемување на администрација, а никој не кажува дека токму во судството се намалува администрацијата, рече претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, по  денешната седница на Советот во врска со разгледување и усвојување на Предлог проекцијата за буџетот на Советот и Стратешкиот план на Советот.

Тој рече дека во овој момент се чека од Министерство за Финансии и Министерство за информатичко општество да одобрат пари за вработувања.

Јолевски спомна дека според извештаите има 380 вработени во сите обвинтелства од потребни 1.100, ставајќи посебен акцент за стручната служба каде што нагласи дека одредени обвинителства немаат ниеден дактилограф. А доколку им се одредуваат парите тие да имаат сопствен буџет, како што рече многу ќе се подобри нивната состојбата.

„Пополнувањето на јавните обвинтелски места навистина ни е приоритет. Имаме четири обвинителства со по еден обвинител, едно обвинителство со 10 години без обвинител и имаме и други обвинителства каде се со двајца тројца обвинители од потребни седум или осум. За граѓаните да можат да ја добијат својата помош и услуга, треба да има и лица кои би им помогнале“, изјави Јолевски.

Тој додаде дека по системот на кариера и во повисоки обвинтелства мора да се изберат кадри кои имаат одредено работно искуство, а има кадри избрани пред две години кои исто не исполнуваат услови за да стигнат до повисоки обвинителства, но рече дека високите обвинтелства се празнат.

Во однос на прашањето дали со работата на Академијата за судии и јавни обвинители, можат да се дополнат овие места во догледен период, тој категорично рече дека не може да се продуцира кадри, бидејќи две и пол години ќе треба за следната генерација која сега го полага приемниот.

Во однос на начинот на аплицирање Јолевски рече дека тоа би можело да се надополни со измени на законот или при аплицирањето во академија или да се овозможи избор пред да почнат во академија. Ако го положи приемниот испит за академија, односно ние да бираме кадри кои ќе работат под менторство.

 

Поврзани новости