Република Македонија својата иднина ја гледа како членка на НАТО и ЕУ. До сега нема никакви барања од Алијансата за разместување инсталации на ракетни штитови на територијата на Македонија, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.
– До сега нема никакви барања од страна на НАТО Алијансата за разместување на инсталации на ракетни штитови на територијата на Македонија. Битно е тука да се истакне дека земјата својата иднина ја гледа како членка на евро-атлантските интеграции односно структури, како членка на НАТО и Европската унија. Ние продолжуваме со напорите и со презентација на достигнатото, на реформите со цел што поскоро да станеме членки на овие институции – истакна Јолевски во интервју за Македонското Радио Радио Скопје во контекст на украинската криза, на прашањето дали има најави или разговори на НАТО со властите од Македонија за вклучување на земјава и нејзините ресурси за разместување ракетни воздушни системи.