Битолчани по вторпат ќе протестираат за чист воздух

by Фокус

Втор протестен марш за чист воздух ќе се одржи денеска во 11: 30 во Битола, под мотото „Марш за живот“. Битолчани на тој начин ќе го изразат своето незадоволство од односот на локалната самоуправа во поглед на загадувањето на воздухот, а протестот го организира здружението „За нас се работи“.

Збирното место ќе биде пред Офицерски дом, од каде преку Широк сокак ќе се упатат пред зградата на Општина Битола, каде ќе останат се додека не остварат средба со претставници од локална самоуправа или до крајот на работното време на локалната администрација.

– Ќе продолжиме со масовни активности се додека не дојде до средба со градоначалникот Владимир Талески и не се исполнат нашите барања – тврдат од здружението.

На протестниот марш треба да учествуваат сите политички ограноци – како граѓани, а не како политички партии – бидејќи како што велат, сите ние дишеме ист воздух.

Поврзани новости