Македонија ги има исполнето сите критериуми за членство во НАТО, но нашиот пат не завршува тука, ќе продолжиме со процесот на реформи со цел интеграција во Алијансата и во Европската унија, порачал министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на дебата во Атланскиот совет, во рамки на посетата на Јолевски на САД, соопштија од Министерството за одбрана.
Пред своите соговорници за време на посетата, министерот Јолевски разменил мислења за иднината и за проширувањето на НАТО, а воедно, според соопштението, добил благодарност придонесот на земјава за мирот, безбедноста и демократските вредности како учесничка во мисијата во Авганистан.
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, како што информираа од Министерството за надворешни работи, вчера во Хрватска на форумот „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ“ порачал оти ЕУ не треба да ги заборава своите принципи врз кои е изградени пред 60 години.