403
Македонија мора што поскоро да ја добие заслужената покана за членство во НАТО, бидејќи Македонија ги исполни критериумите за да стане полноправен член на Алијансата уште пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, истакнал министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со неговиот хрватски колега Анте Котромановиќ.
– Македонската армија е целосно интероперабилна со армиите на земјите-членки на НАТО и функционира согласно НАТО-стандардите. Армијата тоа го докажа преку учеството во мисиите на Алијансата, особено мисијата ИСАФ во Авганистан – рекол Јолевски, соопштија од Министерството за одбрана.