Одбиени половина од приговорите за екстерното тестирање

by Фокус

Екстерното тестирање на средношколците во јуни завршило со 2.855 приговори, информираа од Државниот испитен центар. Од таму објаснуваат дека се прифатени  17,09 отсто од приговорите, делумно прифатени се 26,34 отсто од приговорите, а повеќе од 50 отсто од приговорите се неосновани.

Мал дел од приговорите околу 40 се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се разрешуваат во комуникација со училиштата. А забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор.

Најголем број од приговорите се поднесени за предметите, математика, македонски, информатика и биологија. Повеќето од средношколците беа револтирани поради полагање на екстерното тестирање, а според нив и прашањата биле доста проблематични од технички карактер.

Поврзани новости