464
Поранешниот министер за одбрана Зоран Јолевски, два дена пред изборот на новата влада, без никакво образложение поништил четири потпишани договори за набавка на вооружување и опрема, во вредност од околу 82 милиони евра, брифираат извори од Министерството за одбрана.
Овие четири договори, од вкупно пет колку што биле потпишани, се со една иста фирма, израелската Елбит Системи. Според информациите од Министерството за одбрана, за тие 82 милиони евра требало да се набават оклопни транспортери, комуникациски врски во оклопните единици, хаубици и друга воена опрема.