Спасовски на средба со амбасадорот на Словенија

by fokus 18:30
18:30

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

Амбасадорот Јазбец му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ги потенцира одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Република Словенија максимално да и помогне на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија. Во тој правец е и поддршката за македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на јужната граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.

- Advertisements -

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Словенија и изрази уверување дека таа во иднина ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, за што од голема полза ќе биде и помошта од пријателските земји каква што е Република Словенија. Крајната цел на реформите, потенцира Спасовски, е полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.

Поврзани новости