Јохан замина во затворот во Хаг да си ги посети цимерите

by fokus

Јохан Тарчуловски заедно со сопругата Соња се прошета во затворот во Хаг. Тие двајцата позирале пред затворот, а Тарчуловски фотографијата ја сподели на социјалните мрежи, појаснувајќи дека на пат кон Келн, Германија, со Соња застанале до затворот, за да си ги посети старите цимери.

По посетата на Хаг, Тарчуловски заминале во Келн, каде го бодреа Европскиот и македонски шампион Вардар во Лигата на шампионите против француски Монпелје.

Јохан беше во домашен притвор поради насилствата во Собранието на 27 – ми април, се до крајот на март, кога мерката домашен притвор му беше заменета со мерки на претпазливост, односно да се јавува еднаш неделно во основниот суд на чија територија има живеалиште.

Вики Клинчарова

Поврзани новости