Советниците на Заев годишно ја чинат државата половина милион евра

by fokus

Во кабинетот на премиерот, Зоран Заев, се ангажирани вкупно 55 експерти кои го советуваат за различни прашања. За нив вкупно месечно се одвојуваат 45.783 евра, пари од буџетот, или половина милион евра годишно, објави ТВ21 повикувајќи се на документ добиен од владиниот кабинет.

Според официјални податоци 10 советници, 13 специјални советници и 32 надворешни соработници се ангажирани во кабинетот на премиерот во периодот од јули 2017 до март 2018 година.

Според пресметките, просечната плата на овие експерти изнесува 950 евра месечно, односно 11.450 евра годишно.

Со највисока месечна плата од 1.500 евра, на чело на листата е Зоран Башановиќ, надворешен соработник за економски прашања. 7 од надворешните соработници се доброволно ангажирани, без паричен надомест.

Поврзани новости