640
Адвокатот Јован Јоанидис, во изјава за ТВ 21, смета дека треба да има целосна амнестија, а не селективна, што како што вели, не е праведно за некои други лица.
„Поддржувам секаква амнестија, но ако амнестија за сите. И оние што се во Идризово. Кумановскиот случај треба да е амнестиран. Ако тие одговараат за тероризам, и се во затвор, тогаш зошто овие од Собранието, кои исто одговараат за тероризам, да не одат во затвор“, рече Јоанидис