Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба “Најдоброто за нашата општина” во Сарај рече дека постигнатите резултати може да се видат секаде и дека во нив придонес освен локалната има и централната власт.
-За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Тоа е СДСМ! Затоа во изминатиот период рамномерно инвестираме во целата држава. Ги слушаме барањата на граѓаните и одговараме на нивните потреби. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии, парите на граѓаните денеска не ги трошиме на бесцелни проекти, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради – рече Царовска.
Потпретседателката на СДСМ посочи дека истовремено со јакнењето на наставниот кадар се работи и на реформи за поквалитетно и современо образование, но и на подобрување на условите во училиштата.