Европратеничка од Хрватска ќе стане комесар за проширување на ЕУ на местото на Хан?

by Фокус

Дубравка Шуица, членка на Европскиот парламент од Хрватска, ќе ја зазеде позицијата комесар за проширување на Европската унија, која досега ја извршуваше Јоханес Хан, објави порталот Европски Западен Балкан, повикувајќи се на извори во Брисел.

Инаку, Шуица е членка на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) од 1990 година, извесен период беше и потпретседател на партијата, додека во периодот од 2001 до 2009 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Дубровник.

Откако стана членка на Европскиот парламент во 2013 година, таа го поддржа пристапувањето на земјите од западниот Балкан во ЕУ, особено на Босна и Херцеговина, со тоа што во неколку наврати истакна дека нереално е да се очекува Србија и Црна Гора да станат членки на ЕУ до 2025 година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, се очекува утре да ја претстави листата на соработници пред Комисијата, по што составот ќе мора да го одобри Европскиот парламент во целост.

Поврзани новости