Зголемен е сообраќајот надвор од градските средини

by Фокус

На граничните премини утворо нема подолги задржувања од македонска страна за влез и излез од државата, но интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од Автомото сојузот.

Од таму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

„Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.

Поврзани новости