Јасна Мандиќ денеска, а Ременски утре ќе дава исказ кај Вилма Русковска

by fokus

Потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“ денеска со полиција дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за даде исказ за она што ја товари Обвинителството во истрагата за невладината, откако минатата недела изврши увуд во доказите.

Пратеничката Фросина Ременски која во петкот со часови вршеше увид во доказите и денеска е во Обвинителството каде продолжи да врши увид, а според информациите од Обвинителството таа исказ треба да даде утре. Другите осомничени во овој случај Бојан Јовановски познат како Боки 13, неговиот татко Миле и асистентката Христина Блажевска исказ треба да дадат во петок.

Мандиќ е прва од сите осомничени лица во овој случај која дава исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Таа беше донесена од домашен притвор, а се товари за помагање при извршување на кривичното дело перење пари.

Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други бизнисмени, како Зоран Азманов и други.

Обвинителката која го води овој случај, Вилма Русковска вели дека истрагата за вториот дел од „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да поднесе обвинение.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости