659
За ловот во резерватот Јасен, кој го привлече вниманието на јавноста, откако ловџискиот тим во кој се најдоа познати политичари и бизнисмени, објави фотографија од педесетина убиени диви свињи, со реакција се огласија од националниот парк.
Од Јасен критикуваат дека невладините организации и медиумите го нарушувале угледот на државното ловиште, бидејќи во случајот немало ништо спорно. Од таму тврдат дека стрелањето било согласно законот, односно во затворениот дел од резерватот, а сите животинки биле мажјаци.
Од Јасен потенцираат дека сезаната за лов е завршена само на отворено, а во затворениот дел се стрела преку цела година.