Таравари повторно избран за генерален секретар на Алијансата за Албанците

by fokus

Арбен Таравари повторно ќе ја извршува функцијата генерален секретар на Алијансата за Албанците, бидејќи денеска едногласно беше избран на првото централно Собрание на партијата што се одржа во Кичево.

На Централното Собрание беа избрани и членовите на Централното претседателство, кое ќе има 31 член и плуc еден член од дијаспората со цел партијата да биде поефикасна и да има поголема политичка вредност. Првпат во Централното претседателство има членови и од дијаспората.

Поврзани новости