Јапонски технолошки гигант ги скенира македонските технолошко индустриски развојни зони

by Fokus

Јапонскиот технолошки гигант Fujitsu е сериозно заинтересиран за отворање на нова фабрикаво Европа, а неофицијално во најтесна конкуренција заедно со две земји од централна Европа, членки на ЕУ е влезена и нашата држава, дознава Фокус.

Ако оваа информација е точна тогаш тоа ќе биде прв случај на голема директна јапонска инвестиција во земјава.

Од Дирекцијата за ТИРЗ ни рекоа дека засега единствено може да ни потврдат дека во моментов се водат преговори со неколку странски компании за вкупен обем на инвестиции од над 750 милиони евра меѓу кои има и компании од Далечниот исток.

“Свесни сме дека конкуренцијата е многу голема но и горди што нашата држава е издвоена од балканскиот регион и сега се бори за неколку потенцијално големи инвестиции со економски многу поголеми и посилни држави од ЕУ. Без оглед на исходот од овие преговори, ова еуште една потврда декановиот пристап во поттикнување на инвестиции носи резултат. С.Македонија значително расте на мапата земји со капацитети услови за висококвалитетни инвестиции”.

Информацијата во јавноста проструи откако минатиот месец во Скопје била дојдена бројна јапонска делегација која на лице место ги оценувала можностите кои ги нудат нашите технолошко индустриски развојни зони.

Fujitsu е јапонска мултинационална корпорација за производство на информатичка и комуникациска опрема формирана уште во 1935 година. Таа е шести најголем добавувач за ИТ компаниите во светот и најголем кој доаѓа од Јапонија. Вработува повеќе од 126.000 вработени и е присутна на пазарите во 180 држави ширум светот.

 

Поврзани новости