Германците се селат во предградијата поради можноста да работат од дома

by fokus

Можноста за работа од дома мотивирала многу луѓе, особено од големите градови, да го сменат местото на живеење. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено меѓу 12.000 луѓе во Германија од страна на економскиот институт „Ифо“ и сајтот за недвижнини immowelt, објави „Ифо“ во соопштение за медиумите.

-Меѓу оние кои ги напуштиле големите градови, 38 отсто се преселиле во предградијата, 30 отсто избрале помали градови со меѓу 100.000 и 500.000 жители. Само девет отсто избрале мали градови и пет отсто рурални области, објаснува Матијас Долс, заменик директор на Центарот за макроекономија и истражување во тој интитут.

Запрашани за нивните планови за следните 12 месеци, 10 отсто од анкетираните жители на градовите рекоа дека планираат голем потег. Меѓу нив, 40 отсто имаат намера да се преселат во помал град, а 22 отсто во предградијата.

Малите градови и руралните области беа најмала веројатност да бидат наведени како дестинација за нов дом (од 8 и 12 проценти од испитаниците, соодветно).

Поврзани новости