Боки 13 бара да го посети американската амбасадорка: Поседувам сензитивни информации

by fokus

Бојан Јовановски – Боки 13 испратил писмо до американската амбасадорка Ангела Агелер во кое бара тој да ја посети во затворот и исто така и ја испратил целата судска документација.

-Осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 за тортурата со која се соочува, како и за незаконското постапување на судските власти, известување упати и до Амбасадата на САД и нејзината екселенција амбасадорката Анџела П. Агелер. Заедно со дописот, ги испрати и сите судски одлуки и документација. Јовановски упати замолница да биде посетен во КПУ Идризово од нејзина страна или пак од друго лице делигирано од нејзина страна, велат од правниот тим на Јовановски.

Во писмото до амбасадорката Јовановски бара заштита од нејзина страна, бидејќи, како што вели, добива закани по неговиот живот, бидејќи поседува сензитивни информации за лица од највисоките државни структури.

-Молам за помош од ваша страна и молам во најкус можен рок да ме посетите во КПУ ИДРИЗОВО, вие или друго службено лице кое би било делегирано од ваша страна од причини што ценам дека е потребно и значајно со вас да споделам важни и сензитивни податоци со кој располагам, а истите се од крајно сериозен карактер и директо се поврзани со коруптивни дејствија на поединци и криминал поврзан со лица од највисоки државни структури. Во тоа име, ве молам за заштита од ваша страна, бидејќи се соочувам со реални закани по мојот живот,особено поради тоа што инволивираните лица поседуваат реална моќ и влијание, и пишува Јовановски на амбасадорката.

Поврзани новости