738
Јапонија денеска ја одобри употребата на вакцините „Модерна“ и „АстраЗенека“, непосредно пред проширувањето на вонредната состојба поради корона вирусот на дополнителни области со околу 40 проценти од населението.
Ова е најновиот обид на властите да го потиснат загрижувачкиот скок на бројот на заразени девет недели пред отворањето на Олимписките игри во Токио.
Министерот за здравство Норихиса Тамура рече дека двете нови вакцини ќе помогнат во забрзувањето на имунизацијата.
Во Јапонија, околу пет милиони луѓе, или само четири проценти од населението, примиле една или две дози од вакцината, а користени се вакцините на „Фајзер/Боинтек“, кои беа одобрени во февруари.