Јапонија денеска свечено ќе ја отвори својата прва амбасада во Скопје, а на церемонијата ќе присуствува и јапонскиот министер за надворешни работи, Казујуки Накане. По повод отворање на амбасадата Јапонија ќе донира апарат за абдоминална дијагноза и ултразвук на државната клиника за Гастроентерохепатологија.
Апаратот е донација од народот на Јапонија, а официјално ќе му биде предадена на министерот за здравство, Арбен Таравари.
Амбасадата на Јапонија во Скопје започна со работа на почетокот од годинава. Церемонијата на нејзиното свечено отворање денеска ќе биде пропратена со ритуалот „кагами бираки”, или кршење на буре со саке.
Јапонскиот министер е во дводневна посета на Македонија, каде ќе има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.