МОСТ: Одвојување на државата од политичките партии

by Фокус

Одвојувањето на државата од политичките партии е даден збор, заложба и определбата на новата Влада, која донесе серија заштитни мерки преку Планот 3-6-9, особено во пресрет на локалните избори, изјави премиерот Зоран Заев на денешната конференција конференција на тема „Одвојување на државата од политичките партии“, во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Дарко Алексов од МОСТ, пак, истакна дека потребна е и силна политичка волја од сите политички партии за да се гарантира независноста на јавната администрација, како и зголемена свесност и придонес од сите општествени чинители за справување со ова прашање.

-Останува да се види како овие мерки ќе бидат имплементирани во пресрет на локалните избори и дали ќе придонесат кон обезбедување одвоеност на државата од политичките партии – рече Алексов.

На настанот присуствуваше и делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, кој посочи дека сите политички лидери треба да го искористат изборниот процес за повторно да ја потврдат и демонстрираат својата посветеност на демократските вредности и владеењето на правото.

Поврзани новости