Судењето за „Ровер“ повторно се одложи, се чека и одговор од СЈО дали ќе го презеде случајот

by fokus 14:02
14:02

По пет години во судските лавиринти и две укинати првостепени пресуди, случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, никако да финишира.

Денеска повторно се одложи главната расправа, поради што случајот никако не може да стартува по трет пат, откако претходно, Апелациониот суд во два наврати ги укина првостепените пресуди и случајот го враќаше на повторно судење. На денешната главна расправа не се појави обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова и обвинетиот Ивица Ристиќ, поради што судењето повторно беше одложено за ноември.

Судењето, по трет пат, почна кон крајот на 2015 година, откако Апелација ја укина првостепената пресуда поради низа пропусти и грешки и неутврдена фактичка состојба.

- Advertising -

Тогаш Бошкоски изјави дека поседува материјали, аудио-снимка и транскрипт снимени на УСБ од кои се гледа дека случајот е монтиран, поради што ги предаде на својот адвокат за да се даде на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

-Од овие материјали се гледа вистината за овој полициски политички процес познат како „Ровер“, а конструиран од еден висок функционер во полицијата. Кога материјалите ќе и бидат достапни на јавноста како со случајот „Кампања“, јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и од бруталноста на мојот прогон. Можев да побарам да го пуштат аудио материјалот, но тогаш ќе немаше да биде доказ. Го давам на адвокатот да го достави во Специјалното обвинителство, каде, според моите сознанија, ќе се преземе предметот, рече Бошкоски.

Обвинителката Раичевиќ-Вучкова тогаш соопшти дека ќе се повлече од случајот, доколку биде преземен од СЈО. Од СЈО пак се уште се немаат изјаснето дали случајот „Ровер“ ќе премине во нивни раце.

Според првостепената пресуда, за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, од 2001 година, обвиентите Предраг ЧубрилоМилан Илиќ и Милорад Ковачевиќ  добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор, Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќа по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Валентина Вурмо

Поврзани новости