Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не е тука

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва пред партиското седиште обвини дека власта врши прогон кон сите кои мислат различно и дека полицијата ги претресувала членовите околу штабот, што според него е примена на сила.

-Ова што се случува е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, членовите се претресуваат од полицијата. Никогаш немало примена на ваква сила врз опозицијата. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Во ваквиот прогон Заев ги користи и медиумите. Овој притисок нема да се помине тука така. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите средства. Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате. Доколку полицијата поседува налог и доколку се сомнева дека Груевски е тука, слободно може да влезе и да провери. И јас бев лично претересен и немам сознанија каде е, сум немал контакт со него осум месеци, рече Јанушев.

Поврзани новости