Сончево време со температура до 21 степен

by fokus

Времето во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од 13 до 21 степен.

Во Скопје сончево, со слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од среда ќе дува умерен повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.

Поврзани новости